Седницата на која ќе се расправа за предлог-законот за јазиците ќе продолжи на 9 јануари.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со новинари во однос на Законот за јазици рече дека ако законот не биде потпишан и објавен во Службен весник, тој ќе се врати на пленарна седница во рок од 30 дена. Тој рече дека следната седницата за предлог-законот за јазиците е закажана за 9 јануари.
– Постои и таква можност. Со тоа ќе треба уште еден месец за постапката, а со тоа нема да треба законот да биде пратен до претседателот на државата, вели Џафери.
Џафери рече дека откако ќе се врати ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе се избере и третиот судија во Врховниот суд, кој ќе биде од албанска етничка припадност, а тоа е на иста седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.