| четврток, 6 декември 2018 |

Крв на македонските пруги – воз усмрти два коња

Во Сектор за внатрешни работи Велес вчера во 17,45 часот Д.В.(63) од Велес пријавил железничка незгода случена на железничката пруга Велес-Кочани.

Возот број 651 кој сообраќал на релација Скопје – Кочани, на 100 метри пред мостот, удрил во два коња, сопственост на непознато лице, кои се движеле по пругата. Од ударот едниот коњ паднал врз патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(52) од Велес и го оштетил возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top