Телохранителот кој прв го виде мртвото тело на Адолф Хитлер, Рохус Миш, во неговата автобиографија ги опиша последните моменти од животот на нацистичкиот водич.
Миш во автобиографијата „Последниот сведок на Хитлер“ објаснува како нацистичкиот водич пред да се убие рекол дека сите негови војници „се ослободени од лојалност“ и дека сака неговото тело да биде спалено.
Во книгата тој ги опиша последните минути во животот на нацистичкиот лидер во интимни детали.
Хитлер бил во својот бункер на 30 април 1945 година, кога генералот Кеител преку телефонски повик му соопштил дека војската не успеала да ја спречи советската окупација на Берлин и дека крајот на Втората светска војна е скоро неизбежен.
Миш открива и дека Хитлер во последните моменти од животот разговарал со неговата сопруга Ева Браун, со која дотогаш бил во брак само 40 часа, како и со други службеници и официјални лица од озлогласената нацистичка организација. Му наредил на Миш да не му смета додека го прави тоа.
Миш беше последниот преживеан член од обезбедувањето на Хитлер, пред да умре во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст