– Ние сме за дијалог, за комуникација, за нормализација на односите. Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ имаа средба во таа насока, и ние имавме телефонски разговори со пратениците од СДСМ, рече Ѓорчев.
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за пратенички прашања
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешната седница посветена на пратенички прашања, изјави за МИА привремениот координатор на парламентарната група Влатко Ѓорчев.
Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
– Ние сме за дијалог, за комуникација, за нормализација на односите. Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ имаа средба во таа насока, и ние имавме телефонски разговори со пратениците од СДСМ, рече Ѓорчев.
Додаде дека одлуката за продолжување на притворот на осомничените не е оди во насока на желбите за помирување и за продолжување на дијалогот.
– Продолжението на притворот за 29 лица не влијае позитивно на политичкиот дијалог, туку напротив го влошува, рече Ѓорчев.
Најголемата опозицска партија го бојкотира Парламентот по притворањето на нивните пратеници, а во собраниските клупи се вратија само за новогодишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Но од партијата се уште не донеле одлука дали конечно ќе се вратат во Собранието.
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека очекува пратениците на опозицијата да дојдат на собраниската седница со пратенички прашања. Во спротивно, како што рече, таа кратко ќе трае, бидејќи како што додаде нема намера да одговара на прашањата на пратениците од мнозинството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст