Популарната водителка Лила ве повикува и вие да бидете дел од хуманата акција насловена „Елка на хуманоста“ .
-Многу ми се допаѓа идејата за оваа хумана акција. Секогаш сакам да бидам дел, и секако сум дел, од вакви акции, и помагам колку можам. Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе и да го покажеме своето сочувството кон оние на кои им треба помош, вели Лила, и ве повикува да донирате и вие, што сакате и колку можете, најдоцна до 4-ти јануари 2018, за да им ги разубавиме божиќните празници на милите дечиња од социјално-задрозените семејства.
-Дојдете и оставете што мислите и што можете за овие дечиња. Макар и едно чоколадо! Ним вашиот подарок многу ќе им значи, продолжува Лила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.