| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на прегазената жена кај Бит Пазар

Полицијата го утврди идентитетот на жената која околу пладне беше прегазена од автобус на ЈСП на булеварот „Крсте Мисирков“ во правец од Чаир кон Центар.

Како што информираат од полицијата станува збор за 89-годишната Е.А. од Скопје.

-Од здобиените повреди жената починала на местото на настанот. Констатирана била смрт од страна на лекар од итна медицинска помош. Увид на местото на настанот е извршен од страна на екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е дадено за обдукција, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top