| четврток, 6 декември 2018 |

Веселин Вујовиќ: Не смееме да ги потцениме Македонците

Веднаш по завршувањето на божиќните празници, словенечката ракометна репрезентација ги почна подготовките за Европското првенствово Хрватска. Селекторот Веселин Вујовиќ беше задоволен од расположението на ракометарите кои поминаа неколку дена со своите најблиски. Но, 57-годишниот Црногорец веднаш побара од нив да се концентрираат на тоа што следува и најави промени во однос на играта на Мундијалот во Франција оваа година.

-На ова првенство не смееме да си дозволиме игра како на Мундијалот во Франција. Мора да се подготвуваме детално за секој противник и да излеземе на терен со предност, изјави словенечкиот селектор и поранешен тренер на македонскиот шампион Вардар.

Тој го кажа исвоето мислење за противниците во групната фаза на шампионатот.

-Германија се издвојува како главен фаворит. Тоа ќе биде нашиот најтежок меч во групната фаза, но не смееме во никој случај да ги потцениме Македонија и Црна Гора. Тие имаат сериозни репрезентации и често се дел од големите натпреварувања. Во секој случај, ние ќе се обидеме да покажеме што знаеме на секој натпревар, вели Гонзалез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top