Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, со службен допис се обратил до командирот на полициска станица Гостивар, Гази Абдурахмани, барајќи тој и полицајците да бидат потолерантни и покоректни кон иселениците што се вратени во родниот крај за Нова година.
„Од позиција на градоначалник на Гостивар и како граѓанин на овој град, барам вашите полицајци да бидат што покоректни во нивните задачи, особено за кон иселениците кои се дојдени во Гостивар. Тие се враќаат само неколку дена во својата татковина и даваат толку многу пари, што ги држат градот и државата со своите приходи! Не е ниту законско, ниту хумано, а ниту морално да ги казнувате со парични казни, само затоа што се претпоставува дека тие имаат пари! Прво, тие се заморуваат многу за да ги заработат тие пари, и второ, треба да бидат еднакви пред законот!“- се вели во писмото од Таравари.
Тој вели дека на иселениците празниците не треба да им се претворат во кошмар. Гостиварскиот градоначалник смета дека иселениците треба да се пречекаат со љубов и почит, а не со казни.
Од МВР му одговорија на Таравари со демант на неговите тврдења и велат дека контролите пред празниците дополнително ќе бидат засилени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст