| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Мицкоски се согласиле дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти владината прес-служба.

Средбата се реализирала низ конструктивен дијалог, а премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се согласиле дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси и констатирале дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top