| четврток, 6 декември 2018 |

Жерар Депардје стана и православен

Актерот вели дека Русија од секогаш длабоко ја почитувал и бил одушевен од нејзината историја и култура.

Славниот актер, некогаш Французин, денес Русин, Жерар Депардје, само два дена по официјалното добивање на руското државјанство и пасош на оваа земја, присуствуваше на божиќната литургија во Москва. Тој ги испочитува сите православните обичаи – се прекрсти на православен начин, со три прсти.

Актерот за медиумите изјави дека изборот Русија да биде негова нова држава не е само поради несогласувањето со францускиот претседател Оланд за даночната политика во таа земја, туку и поради тоа што Русија од секогаш длабоко ја почитувал и бил одушевен од нејзината историја и култура.

-Се чувствувам како Русин! И не само поради добиениот пасош и одличниот пречек од страна на државниот врв и народот, туку и поради фактот дека од кога знам за себе руската уметност, историјата и културата ги доживував како нешто лично свое и дел од моето битие – изјави актерот најавувајќи дека планира да живее во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top