| четврток, 6 декември 2018 |

Градинките во Чаир штрајкуваат

„Ние сме на штрајк поради неплаќање на плата“. Вакви известувања денеска беа поставени на вратите на два објекти на градинката “Снежана” во општина Чаир. Одлуката за штрајк беше едногласна од страна на сите 75 вработени во оваа институција, кои се веќе два месеца без плата. Во градинките денес имало само две деца. Синдикалните водачи бараат да се реши проблемот потсетувајќи дека половина од вработените имаат кредити и се самохрани мајки.

-Ние не бараме ништо повеќе, имаше штрајк за зголемување на платите и многу други барања, ние го бараме само основното, исплата на плата за месец ноември колку што е можно побрзо. Ако ни се даде добар знак дека ова ќе се регулира, ние веднаш ќе го запреме штрајкот во договор со вработените, тоа е целата причина. Кога стомакот е гладен главата не работи, навистина тука е крајот, сите ние сме на кредит, јас во мојата организација имам 13 самохрани мајки кои зависат од ова плата – изјавија од Синдикатот.

Загрижени од започнатиот штрајк се и родители, а некои од нив, освен градинките немаат друго место за згрижување на децата.

Од Општина Чаир велат дека тие се познаени со штрајкот, но не може да направат ништо, поради тоа што нема претседател на Советот на општината.

Освен вработените во градинката “Снежана”, без плати исто така се и вработени во градинката “Фидани”, кои исто така предупредија ќе почнат да штрајкуваат, ако проблемот не се реши до утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top