На само неколку дена од новогодшната ноќ, кога се одбележува заминувањето на старата и доаѓањето на Новата година, контроверзниот приштински имам Шефќет Красниќи упати апел да не се одбележува бидејќи тоа било „харам“.
Тој и минатата година апелираше до граѓаните да ги бојкотираат новогодшните празнци.
– Не прославувајте ја Нова година, не грешете со купување тоа не е бериќет, што среќа ви носи сечењето елки, немој да ги украсувате вашите домови, новогодшната ноќ е иста како и сите други ноќи, порача Красниќи во видео порака пред Нова годна.
Според него, расте бројот на албански семејства кои не ја прославуваат Нова година.
Красниќи, кој беше главен имам на најголемата џамија во Приштина, беше притворен за поттикнување врски национализам, помагање на терорзмот и перење пари, откако при претрес во неговот дом беше пронајдена голема количина пари во разни странски валути. По триесет дневен притвор тој беше ослободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст