Пукна тиквата меѓу Заев и Села. Откако вчера премиерот пред пратениците го претстави Венко Филипче како предлог министер за здравство, што беше и главниот проблем во коалицијата на СДСМ и Алијанса, Села се закани дека ја напушта истата ама по изгласувањето на законот за јазици.
На стаклени нозе се држи и парламентарното мнозинство кое го крепи Заев , кое ако излезе Алијанса од коалиција ќе се намали, ако нивното место не го замени ДПА што од неодамна се шпекулира. За Заев колку и да е тенко мнозинството од народни избраници сепак ни на памет не им било распишување на предвремени парламентарни избори, кои од ВМРО-ДПМНЕ ги побараа веднаш по одржувањето на изборите. Сепак не се исклучувала можноста истите да се случат со претседателските во 2019-та.
-Многу е логично недавањето на поддршката од Алијансата за д-р Филипче. Тие со тоа најавија дека заминуваат од Владата. Јас останувам само со намерата дека ќе можеме да продолжиме да соработуваме за она што значи реформи, законот за јазици, ратификација на договорот со Бугарија, двотретинските закони што доаѓаат во Македонија… Јас сум растеретен човек, додека постои мнозинството постои и Владата. Секако се прегрупираат во обиди политичарите и политичките партии во ново мнозинство. Ако не се оформи избори не ни бегаат – вели Заев.
Напуштањето на функцијата министер за здравство на сега гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари без претходна најава најверојатно го налутило Заев, па сега вели дека јасно било дека коалицијата ќе се растури особено откако вчера не гласале за докторот Филипче како ново ресорско решение.
По соопштувањето на изборните резултати, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски какко дел од пакетот од седум барања кои им ги понуди на СДСМ беше и организирање предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот модел за кој претходно се согласија и социјалдемократите, а кои пак избори ќе бидат спроведени од техничка влада како и парламентарните избори од 11 декември 2016.
Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Зоран Заев вели дека се уште нема суштински разговори за прашањето за името, но оти има решителност за решевање на овој проблем за што, според него, одличен период е првото полугодие на следната година.
Извор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст