| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Сите опции се отворени, одлуки ќе има по средбата со Заев

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште не одлучиле дали ќе се вратат во собраниските клупи. Новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски заедно со пратеничката група даде изјава пред Собранието, од каде порача дека сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со Зоран Заев.

-Имаме нов координатор на пратеничката група – тоа е Влатко Ѓорчев, откако Илија Димовски се повлече, рече Мицкоски.

На остататите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, остануваат истите координатори, додаде Мицкоски.

Инаку, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на денешното обараќање на претседателот на државата во Собранието. Мицкоски оцени дека говорот на претседателот Ѓорге Иванов бил содржаен и ги опфатил сите теми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top