Љубовниот живот на првиот човек на Америка од секогаш ги интригирал сите. Медиумите пишуваа дека Трамп и неговата сопруга Меланија не се во најдобри односи, па се шпекулираше дека се на чекор од развод. Сите го прозиваа Трамп дека не и посветува доволно внимание на сопругата, по што Трамп се трудеше во јавноста да изгледаат што поблиски.
Меѓутоа, дури и кога Меланија ја бакнуваше пред сите, убавицата од Балканот беше ладна како мраз.
Само што приказните околу разводот малку се проретчија, Меланија на социјалните мрежи постави фотографија која повторно ги покрена приказните дека на неа и Доналд не им цветаат рози во бракот.
Имено Меланија постави фотографија на која таа и Доналд седат во соба со раскошна елка и се јавуваат на децата следејќи го патот на Дедо Мраз.
-Претседателот на САД и јас помагаме на децата да го следат патот на Дедо Мраз. На сите им посакуваме прекрасен Божиќ – напиша Меланија и ги запали социјалните мрежи.
Имено многумина се прашууваа зошто Меланија и Трамп си го свртеле грбот еден на друг.
-Да го следам патот на Дедо Марз, јас барем би гледала со насмевка кон маж ми додека тоа го правам – напишала една корисничка на Твитер.
Дали е ова доказ дека навистина бракот на првиот човек на Америка е пред пукање или не останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.