| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетници си ги решавале проблемите со нож

На ул. „Цветан Димов“ во Скопје вчера било пријавено дека во близина на паркот во населбата Чаир, во автобус бр. 57, дошло до нарушување на јавниот ред и мир на горниот спрат од автобусот помеѓу две групи на малолетници.

Во еден момент малолетник од едната група пробол со нож во ногата 17-годишен малолетник од другата груша и избегал. Повредениот бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top