| четврток, 6 декември 2018 |

Српската премиерка Брнабиќ живее во стан од 328 квадрати – и нудат државна вила, но таа има свој луксуз

Премиерката на Србија има на располагање неколку вили во кои може да се пресели во складот со функцијата која ја извршува, но и безбедноста.

На обезбедување на Ана Брнабиќ во моментов, како што пишуваат српските медиуми, работат 20 лица. Сепак, дури и ако е постојано под будното око на безбедносните сили, таа и понатаму не одлучила да го го напушти својот стан, како што и било препорачано од безбедносни проценки.

По формирањето на српската Влада ѝ било понудено да се пресели во некоја од државните вили, но засега не е одбран ниеден објект.Едно е сигурно-премиерката локацијата не би ја менувала, туку би останала во елитниот дел на прстолнината, во белградската населба Дедиње.

Таа не само што не сака да ја менува локација, туку ни квадратурата. Ако се пресели и натаму ќе ивее во конфорен стан, судејќи по тоа дека сега живее во стан од 328 метри квадратни.

Токму оваа недвижнина е една од оние кои премиерката уредно ги купила ги пријавила во Агенцијата за борба против корупција. Овој објект е купен во 2014 година. Дел од купопродажната цена, како што пишуваат српските медиуми го исплатила со кредит. Вредноста на оваа недвижнина е 490.000 евра. Станот е под хипотекарен кредит, кој ќе бде отстранет кога кредитот ќе биде исплатен.

Освен тоа, премиерката највила дека во своја сопственост има и гаржа од 19 метри квадратни, куќа од 167 метри квадратни на хрватскиот остров Крк, која е изградена од нејзините баба и дедо во 1980 година. Целиот имот во Хрватска е на нејзино име, но и понатаму е сопственост на целото семејство Брнабиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top