Од желудникот на една пензионерка од Иволгинскиот реон на Бурјатија хирурзите извадија повеќе од 150 шајки, шрафови и навртки. Жената има 74 години и во болницата отишла поради кардиоваскуларни проблеми, а испитувањето на желудникот е извршено дополнително.
Пензионерката пристигнала во центарот за кардиоваскуларни болести на Републичката клиника „Николај Семашко“ на почетокот на декември, се наведува на сајтот на оваа медицинска установа.
На пациентот ѝ била дадена целата потребна помош и нејзината состојба по третманот била стабилна, но останале непознати причини за покачената телесна температура. Тогаш и била направена гастроскопија за да се провери можната анемија.
Докторката Ирина Голишева, која ја извршила процедурата, утврдила дека грлото и хранопроводот на пациентката се во идеална состојба, но потоа ендоскопот открил неочекувана содржина во желудникот: во него имало огромно количество туѓи тела. По деталниот преглед лекарката утврдила дека се работи за шајки и навртки. Се обидела со помош на ендоскоп да ги извлече, но успеала да извади само четири шајки. Не сакала жената да ја изложи на понатамошен ризик и итно ги повикала хирурзите за консултации.
Рендгенскиот преглед на стомачната празнина покажал дека туѓите објекти може да предизвикаат оштетување на ѕидовите на желудникот и затоа хирурзите препорачале итна операција под целосна анестезија.
Меѓу отстранетите туѓи тела имало долги шајки, големи шрафови, навртки, резе за врата, делови од арматура долги до 15 сантиметри, па дури и сребрен ѓердан со финост 925. На крајот од желудникот се извадени 152 метални предмети кои веќе почнале да оксидираат, а никој освен жената не можел да каже колку време предметите се наоѓале таму. По операцијата пациентката е сместена на одделението за реанимација и во моментов нејзината состојба е стабилна.
Пациентката не може да објасни како се нашле шајките и шрафовите во нејзиниот стомак, бидејќи таа ја изгубила моќта на говорот по мозочниот удар. Според членовите на нејзиното семејство, тие не забележале ништо, но рекоа дека таа страдала од психолошки нарушувања.
Во септември оваа година хирурзите во истата болница на друга пациентка од желудникот ѝ извадија силиконска сонда, која лекарите пред 17 години ѝ ја ставиле по мозочниот удар заради исхрана, а потоа заборавиле да ја извадат.
Извор: Руска реч
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст