| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски му го предаде кабинетот на Мицкоски (фото)

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изврши примопредавање на кабинетот на новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му посака успех во работа на новоизбраниот претседател Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се економското фијаско што и се случува на државата, безидејноста на власта, загрозената слобода и заробената држава,
информираат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочил дека водењето на ВМРО-ДПМНЕ преставува голема чест и предизвик, дека ќе биде максимално насочен кон исполнување на очекувањата и креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција и жесток критичар на сите неразумни политики од владата.

-Приоритет ќе биде зајакнувањето на партијата, а силното ВМРО-ДПМНЕ ќе преставува фактор во креирањето на стабилна иднина на државата, заштита на интересите на државата, и воспоставување на економски просперитет потребен на граѓаните, како и градење на мостови на соработка, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top