Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од интервјуто на Ана Дурловски за германскиот магазин „Клајне цајтунг“, дадено по настапот во Штутгартската опера.
Повеќекратно наградуваната оперска пејачка Ана Дурловски добро ги познава драмите на оперската сцена – но во моментов политичката стварност во Македонија е нејзина лична трагедија. На маргините на нејзиното гостување во Штутгарт 39-годишната оперска пејачка со жалење говори отворено за репресиите кон оние кои размислуваат поинаку во нејзината татковина.
„Кај луѓето во Македонија се чувствува страв“, вели таа по својот настап во операта „Ариоданте“ во Градската опера на Штутгарт. Според неа, во оваа балканска земја нема ниту правна држава ниту слобода на печатот – наместо тоа, владее политичко самоволие.
Понатаму, вели таа, време е меѓународната заедница и ЕУ да ги отворат очите за авторитарните тенденции во оваа земја која стреми кон влез во ЕУ. Имено, сопругот на Ана Дуловски, Игор, кој исто така е меѓународно ценет оперски пејач (бас) и до пролетта беше директор на операта во главниот град Скопје, од ноември се наоѓа во истражен притвор под сомнение за тероризам. Вкупно 36 лица во еден ден беа приведени поради “нарушување на уставниот поредок и сигурноста преку тероризам“.
Политилки прогон
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изрази загриженост, повикувајќи на почитување на основните принципи на правната држава. “Сигурна сум дека не е виновен“ – вели Дурловски за својот сопруг. Басот на Игор Дурловски во Штутгарт можеше да се чуе во операта „Береника, кралицата на Арменија“. Операта ја поддржа Дурловски во нејзиниото излагање пред јавноста. Пејачката Дијана Халер од Штутгарт преку „Твитер“ побара правичност за Игор, кој досега воопшто не е ни сослушуван.
#Ariodante Balkan Team (Srbija, Makedonia, Hrvatska) demands #JUSTICEFORIGOR !!! The guy sits in jail without a possibility of having a hearing!!! And nobody knows for how long… #KristinaŠibenik, #AnaDurlovski, Justice for Igor at @oper_stuttgart pic.twitter.com/WQ6aXe6RbK
— Diana Haller (@dianahaller) December 13, 2017
Адвокатите говорат за „политички прогон“, вели Ана Дурловски. Според неа, засега нема никакви конкретни обвиненија против нејзиниот сопруг, а каму ли докази. “15 униформирани лица дојдоа на 28. ноември во шест часот наутро и го одведоа Игор од пред очите на нашиот најстар син“ – вели сопранистката, која на почетокот на 2018та година ќе може да се види и како Кралицата на ноќта во дрезденската „Семперопер“.
Според македонските медиуми, Игор Дурловски и останатите обвинети учествувале во упадот во Собранието извршен во април.
Ана Дурловски, пак, вели дека нејзиниот сопруг 60 дена протестирал мирно за Македонија за сите. Од мај владеат социјалдемократите на чело со Зоран Заев во коалиција со партиите на албанското малцинство.
Во позадината на политичките пресметки, меѓу другото, лежи и територијалното единство на Македонија. Со години македонското мнозинство стравува дека Албанците, кои чинат меѓу 25 и 30 проценти од двомилионското население тежнеат кон автономија за регионите кои ги населуваат.
Двојката Дурловски живеела повеќе години во Германија и Австрија, од кои послените шест ги минале во Штутгарт, а пред тоа живееле и во Мајнц и Касел, како и во Виена. “Иако многумина во Македонија сакаат да живеат на Запад, пред две години ние се одлучивме за спротивното, зашто со нашите германски искуства сакаме да работиме таму, за нашата земја“ – објаснува мајката на три деца, која веќе може да се пофали и со успешни настапи на Њујоршката „Метрополитен“. „Можеби заради годините што ги минавме на Запад веќе премногу сигурно поверувавме во слободата на мислата, па јазикот ни беше подолг одошто треба.“
(Интервју со Ана Дурловски во „Клајне цајтунг“ од 23 декември, 2017)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст