Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар, додека екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар, на Еуродизелот 55 денари и екстра лесното ќе се продава по 44 денари за литар.
Со одлуката се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 64 долари за барел, а курсот на доларот изнесуваше 52,16 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст