| четврток, 6 декември 2018 |

Пакет со коњски измет за министерот за финансии на САД

Пакет со коњски измет, адресиран до американскиот министер за финансии Стив Мнушин, е пронајден недалеку од неговиот дом во Лос Анџелес, соопштија американските власти.

Припадници на полицијата во Лос Анџелес за деактивирање експлозивни направи ја отвориле кутијата и во неа пронашле коњски измет.

Пакетот, пронајден синоќа, бил замотан како подарок, со порака „од американскиот народ“.

Полицијата соопшти дека истрагата ја презела тајната служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top