Судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 29 јануари следната година, бидејќи предметот не е пристигнат од Апелацискиот суд кој се уште не одлучил за жалбата за ПИ-мерките во овој случај. Додека за функционери од ВМРО-ДПМНЕ има рочиште секој ден, за Заев се одложува постојано.
– Ние баравме изземање на судијката и се надевам дека брзо ќе се донесе одлука за да може да продолжи судскиот процес – рече Заев денеска пред Кривичниот суд.
На прашање што очекува од Апелација, Заев одговори дека очекува жалбата да биде прифатена, но како и да одлучи Судот ќе ја почитува одлуката.
Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет.
Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.
Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал, но Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.
Одбраната и Заев бара снимките да не бидат доказ бидејќи веќе биле објавени во јавноста, односно делови од нив биле ставени на видеосервисот „Јутјуб“, а потоа преземени и објавени од медиумите.
-Носител сум на висока функција и убеден сум во мојата невиност. Сакам снимката да биде јавно обелоденета со деловите каде што е пресечена, рече претседателот на Владата, Зоран Заев по одложувањето на денешното рочиште за случајот Поткуп.
Според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
Заев, пак, тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


