| четврток, 6 декември 2018 |

Подводната елка во Охридско Езеро посветена на децата со ретки болести

Новогодишната елка под вода во Охридското Езеро ја накитија нуркачи од клубот за подводни активности „Охрид“ од Охрид и нуркачкиот центар „Амфора“, во соработка на Сојузот за подводни активности на Република Македонија.

Елката под вода се кити по 16-ти пат, а локацијата е кај Музејот на вода во близина на Градиште.

Годинава нуркачите китењето на новогодишната елка им го посветија на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и надминување на проблемите, рекоа од „Амфора“.

Во китењето учествуваа десет нуркачи, а на најмладите им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top