Високите температури и до 37 степени ќе се задржат и во текот на следните неколку денови, но метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи ни најавуваат освежување во попладневните часови за време на продолжениот викенд како и почетокот на следната недела.
– За време на викендот и во почетокот на наредната недела, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирано можни се поинтензивни процеси. Температурата ќе има тенденција на благо опаѓање – велат од УХМР.
За утре метеоролозите ни најавуваат исто така сончево време со температури до 37 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


