| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск: Патот на Марија и Јосиф како денешниот на мигрантите

Папата Франциск ги повика римокатолиците да не ги игнорираат маките на милиони мигранти истерани од нивната земја, за време на Бадник.

Тој ги спореди мигрантите со Марија и Јосиф, раскажувајќи ја библиската приказна за тоа како тие патувале од Назарет во Витлеем, но не нашле место за престој. Многу мигранти, рече тој, биле принудени да бегаат од лидерите кои “не гледаат проблем во пролевањето на невина крв”.

“Ги гледаме песните на милиони луѓе кои не избираат да си заминат, но, сепак во нивната земја, ги оставаат зад себе своите драги пријатели” рече папата.

Верата бара странците да бидат добредојдени, истакна тоја додека ја служеше својата петта миса на Бадниковата вечер, како врховен поглавар на 1,2 милијарди римокатолици, обраќајќи се пред 10.000 луѓе во Базиликата на Свети Петар, додека многумина верници ја следеја мисата на плоштадот пред црквата.

Бројот на бегалци во светот надминува 22 милиони, при што најновиот прекуграничен прилив е од бегството на Рохинџите бегаат од насилството во Мјанмар.

Папата ќе го соопшти својот традиционален “Urbi et Orbi” (“до градот и до светот”), подоцна во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top