| четврток, 6 декември 2018 |

Историчар ќе го советува новиот министер за здравство?

Пред изборот на нов министер за здравство Министерството за здравство објави оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Условот е да има со завршени историски, економски или правни науки.

Освен што невообичаено е вметнат условот за завршени историски науки, дополнително се бара најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководна позиција во јавниот сектор и 10 години искуство во приватниот сектор од кои најмалку 3 години на раководно место во приватниот сектор.

Платата за оваа позиција е 36,855 денари.

Пред да дојде на власт, тогашната опозиција ветуваше шанса за сите што очигледно со ваквите огласи и очигледни партиски вработувања не е така. На овој оглас шанса може да добие само лице кое однапред е избрано и наместо тоа да ги исполнува условите од конкурсот, конкурсот е скроен според квалификациите на однапред избраното лице. Со други зборови – голема е веројатноста конкурост да е наместен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top