| четврток, 6 декември 2018 |

Подарок за полицајците: Дилер влегол во полициско возило мислејќи дека е такси

Неочекувано божиќно изненадување добиле полицајци во Копенхаген кога на задното седиште неочекувано им седнал дилер на марихуана. Мислејќи дека влегува во такси, несреќниот Данец бил уловен со околу 1 000 цигари марихуана.

Грешката се случила во дистриктот Кристијанија, област која ја основале хипици и која е позната по либералниот однос спрема наркотиците.

– Трговецот со канабис сакал да си оди дома со такси. И тоа како се изненадил кога сфатил дека влегол во полициска кола, а во него било пронајдено големо количество на канабис со кое веројатно се снабдил во пресрет на новогодишните презници, пренесуваат светските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top