| четврток, 6 декември 2018 |

Украл пари и накит во вредност од 2.200.000 денари во Прилеп, полицијата го фати

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против В.Д.(23) од Прилеп, поради кривично дело „тешка кражба“.
Со извршеното кривично дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.200.000 денари.

На 18-ти декември во период од 19.00 до 23.30 часот пријавениот влегол во куќата сопственост на Г.М., ја отворил вратата од метален сеф и од сефот одзел пари во различни валути и апоени и тоа евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти.

Освен парични средства пријавениот пронашол и одзел и различен златен накит и тоа повеќе стари златни франги, шест до седум златни женски прстени, четири женски ланчиња, мала детска белезгија, сребрена пара, марамче на кое имало пришиено сребрена и златна пара и различни златни приврзоци.

Откако ги одзел предметите од сефот, се качил и на вториот спрат од куќата, испретурал по сите соби и од детската соба одзел еден женски часовник марка „ Есприт“ и различен сребрен женски накит. Пријавениот предизвикал матријална штета во вкупна вредност од околу 2.200.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top