| четврток, 6 декември 2018 |

23-годишник загина во сообраќајка во Скопје

Утрово во 03,13 часот пријавено е дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, во близина на основното училиште „Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода во која Д.С.(23) од Скопје управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во столб.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатникот А.Н.(23) од Охрид, кои се пренесени во Ургентен Центар-Скопје, каде околу 03,50 часот Д.С. починал, додека А.Н. е во животно загрозувачка состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top