Анализата на топењето на глечерите низ историјата, покажува тенденција за пораст на бројот на вулкански ерупции, во споредба со намалувањето на големината на глечерските површини.
Извештајот, објавен во списанието „Геологија“, се фокусира на вулканските активности на Исланд, и тоа за периодот од изминатите неколку милениуми, кога климата се ладела. Анализата открива дека тогаш бројот на ерупции се намалувал, а површината на мразот се зголемувала. Научниците веруваат дека тежината на глечерите го зголемува притисокот на земјината површина, го покачува нивото на морињата и ги намалува површините за простирање на лавата која излегува. Но, ако мразот се топи, притисокот се намалува и исфрла магма на површината.
Кога глечерите ќе исчезнат, притисокот на површината се зголемува, па магмата многу полесно се шири кон површината и така еруптира, вели еден од научниците кои ја спровеле анализата. Изразуваат и загриженост дека глобалното затоплување ќе доведе до слични ефекти во наредните неколку стотици години.
Научниците сметаат дека може да се предвиди оти ќе има повеќе вулкански активности, во подрачјата од светот каде што доаѓа до интеракција на глечерите и вулканите.
Извор: Факултети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


