„Ќе почнат да зборуваат во школо, сиромашни сте, не се дружите со нејзе… Колку што можам јас сум и мајка и татко на децава. Не знам друго што да ви кажам. Тешко е…“, вели Владимир Христовски во сторијата на ТВ 24.
Ова е Владимир, самохран родител на две малолетни деца, Огнен кој има 7 години и Марија 10 години. Солзите и тагата се секојдневие кај ова семејство, а целата агонија започнала откако починала сопругата на Владимир. Децата постојано гладни легнуваат и стануваат, а болката е се поголема со секое прашање дали има нешто да јадат раскажува Владимир. Сонцето е единствената светлина која допира во домот.Нема струја, откако била исклучена поради долгови.Децата учат на свеќи. Владимир моли за помош кој колку има и колку може за да ги прехрани своите две деца.
„Некогаш и легнуваат гладни, затоа што нема ни храна ни дрва, струјата ни е исклучена. Апелеирам до сите институции, до сите хумани граѓани ако имаат желба да донираат, ако може да ми се најде соодветна работа да си ја прехранам фамилијата. Социјална парична помош не користам затоа што не сум се пријавил на време. Отпишан сум од Центарот за социјални работи“, вели Владимир Христовски
Најмалиот член во ова семејство Огнен кој е одличен ученик го прашавме што сака за нова година еве што вели.
„Јас сакам Дедо Мраз да ми донесе пакетче“, вели Огнен Христовски
Неговиот татко Владимир вели Новата година ќе ја дочекаат со празна маса и завиткани под ќебе.
„Ќе гледаме во празна трпеза, може и во кревет да бидеме покриени со ќебе“, вели Владимир Христовски
Сега единствен извор за преживување е пензијата на неговата мајка која живее со нив и која едвај може да се помести од кревет.
„Дрва немаме. Збираме што ќе најдеме. Од општината ветија, но нема ништо. Храна треба. Додека имам ќе давам, немаме ни за ужинка на децата. Учителката ќе им купи кога ќе види како сите јадат“, вели Горица Христовска
Неколкуте скали кои водат до нивната соба во секој момент можат да се распаднат. Без струја – внатрешноста на куќата веќе се претвора во руина. Ова семејство секојдневно се бори за гола егзистенција. Семејството Христовски останува во рацете на хуманоста на институциите и граѓаните, новата година се движи – дали ова семејство ќе продолжи да живее во мракот или можеби ќе ја видат светлината и ќе ја осетат топлината во нивниот дом.
Истата сторија во февруари годинава ја објави тв21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст