| четврток, 6 декември 2018 |

Сите ми доаѓаат освен мојата Вања: Шербеџија открива зошто ќерка му не му доаѓа на гости

Познатиот уметник Раде Шербеџија претстојните празници ќе би одбележи во Хрватска, а навел и до кои традиции се држи со години и што му е важно.

-Целото семејство, освен мојата ќерка Вања, која е далеку во Австралија, ќе се соберат кај мене во Истра, каде имам куќа. Доаѓа и семејството на Ленка од Белград, нејзината мајка, сестрите Кори и Лидија, а можеби ќе дојде и Ана од Америка. Тоа се денови кога сите се собираме и уживаме во заедничките моменти. Јас сум задолжен за организација, а богами и за готвење – рекол Раде, па додал:

-Некогаш ги славев само 1 мај и 29 ноември, а сега славам се. Ја славам славата Ѓурѓовден, Божиќ и православниот и католичкиот. Вистина се уште не сум почнал да славам некои будистички празници. Се шегувам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top