Причината за спроведената операција за промена на владата, е токму тоа, отпорот на ВМРО-ДПМНЕ кон налетите за промена на името и идентитот по терк на јужниот сосед, а со цел остранување на пречката за побрзо заокружување на геостратешкиот план за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, што како цели и намера, беа и сеуште се и цели и намера и на ВМРО-ДПМНЕ, но ние сакавме тоа да биде со фер компромис и решение за името, а не со диктат. Затоа се направи преврт и се донесе СДСМ која има ветено дека по секоја цена ќе го реши ова прашање.
Пред некој ден во разговор со повеќемина, поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски шеговито направи една компарација и илустрација, при што потсети дека низ годините научил да ги дешифрира пораките на министрите за надворешни работи, па вели кога сегашниот МНР на Македонија на прес конференција со колегата од Грција вели „се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“ тоа може сликовито да се илустрира со еден пример од типот, како кога студент во студенски дом влегува во собата на своја колешка која е комплетно соблечена и подготвено го очекува, и му вели: се надевам дека ќе ја препознаете новата можност. Тоа е отприлика моменталната понуда на Република Македонија и понудата на Република Македонија. Но, за жал, колку и овој шеговит пример да засмејува, станува збор за крупен национален интерес и на тоа мора да се гледа сериозно – рече во својот говор Никола Груевски на денешниот партиски конгрес на кој се бира негов наследник.
Тој додаде:
По сите успеси кои направивме, по сите победи и резултати, ВМРО-ДПМНЕ кое цврсто застана во заштита на националните и државните интереси неминовно беше да биде под напад за да се ослабне и сруши од власт. Се започна силна негативна кампања против мене лично со цел да ме прикажат како корупмпиран монструм, но тоа само времено фрла сенка на позитивните резултати од моето владеење. Се фрли многу прашина, за да се заматат делата и чесниот пристап кон работа и кон народот, но кога прашината ќе легне, делата ќе останат, и кога негативната кампања ќе застане, ќе останат 173 илјади новоотворени работни места, зголемените пензии, субвенции, изградената инфраструктура, проектот Скопје 2014 и многу други работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст