-Ние како партија во тој момент се уште не изгледавме како алтернатива на власта, и многумина мислеа, многу повеќе од денес, дека ВМРО-ДПМНЕ веќе никогаш нема да се врати на власт. Бркаа од работа во администарцијата, казнуваа и деградираа, се изживуваа со секојдневните апсења и ги шетаа луѓето со лисици за да ги понижат, притворот го беа претвориле во лична и партиска политичка одмазда но и средство за дефокусирање на секоја непопуларна мерка која ја воведуваа, со цел народот да не се занимава со качувањето на даноците, пoкачувањето на цената на струјата, невработеноста и сиромаштијата, ниту пак со безидејноста на новата власт, и не ни помислуваа дека со секој таков потег колку и краткорочно да им личеше дека им ја пролонгира неоснованата популарност, само го забрзуваше денот на нивното паѓање од власт и одење во длабока опозиција цели 11 години,… а ќе беше и подолго ако не добиеја несекојдневна помош поврзана со откажување од националните интереси. Беа исто толку надувани, собендисани, арогантни и убедени во долго владеење, како и денес. На ВМРО-ДПМНЕ гледа како на завршена приказна, и партија со која можат да прават што сакаат, бидејки покрај и извршната власт, судството и обвинителството беа целосно под нивна контрола, и мислеа дека се семоќни а народот само им е инструмент за манипулација за да ги одржува на власт. Се сеќавам како во централниот штаб никој многу малку луѓе влегуваа со месеци, личеше како да е фирма во стечај. Луѓето беа исплашени до бескрај – рече Никола Груевски во денешниот говор на 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кога се бира нов лидер на партијата.
Тој раскажа една приказна околу стравот кој владеел кај луѓето во времето на СДСМ:
Еднаш пред влезот во зградата во Капиштец каде што живеев, сретнав еден мој соработник од Министерството за финасии, и куртоазно го прашав како е, и како оди во министерството. Човекот за миг пребледе, погледна на лево, па на десно, па нагоре кон спратовите, па дури откако се обезбеди дека никој не го слуша, со шепотење ми кажа: Катастрофа! Ништо не се работи! Само млатење празна слама! Го одминав брзо за да не ми колабира од страв, ако случајно некој помине и го виде како разговара со мене, и повторно го констатирав она што веќе го знаев: кај СДСМ некои луѓе се менуваат, некои остануваат исти, ама матрицата не се менува. Доаѓањето на власт заради власт, безидејноста и неработењето, склоноста кон криминал и одмаздољубие кон политичкиот противник до најжестоки граници секогаш останува ист. Константа. Тоа беше период кога тие веруваа дека ако ги осудат и испозатворат најголемиот дел од претходната власт, ќе нема кој да се погрижи за нивниот криминал. Да навистина многу луѓе од ВМРО-ДПМНЕ во тој период дадоа лична жртва со многу понижувања, губење на здравјето, и затворања, ама Бог се погрижи уште еднаш да покаже дека кога гневот и омразата го водат некого во животот, лошо завршува.
Тој додаде дека има уште две големи сличности тогаш и денес:
И тогаш и сега, бевме опозиција во време кога СДСМ имаше контрола над најголем дел од медиумите. Би рекол тогаш и повеќе, бидејки имаше многу прес-конференции на партијата, на која не ни доаѓаше ниту еден медиум или ќе дојдеше само еден или два, и често ниту еден медиум не ја пренесуваше таа прес-конференција.
Второ, најмалку две, а можеби и три години СДСМ неоправдано имаа сериозна би рекол и заштитничка наклоност на меѓународниот фактор, заради тоа што завршуваа работа во тоа време со спроведување на Охридскиот рамковен договор и се ценеше дека е добро да се штитат и да не се санкционираат од надворешниот фактор, бидејки се корисни во тој момент, додека се заврши работата што беше зацртана. Така е и денес. Еве ги, почнаа со договорот со источниот сосед, кого го прифатија без преговори и безпоговорно, сега се фокусираат на договорот со јужниот сосед, а наскоро се спремаат да го направат она што пред 7 месеци целата јавност ја убедуваа дека нема шанса тоа да го направат, а тоа е да донесат неуставен закон со кој ќе се воведе двојазичност во Македонија.
И така забревтани, неосновано самоуверени, арогантни, гледајки од висина кон нас, дремеа по кафани и пребројуваа тендери, се ситеа на секој уапсен и понижен вмровец, се тепаа за поголема власт во нивните редови, а економијата тонеше, народот осиромашуваше и се помалку се надеваше на оние за кои гласаа масовно на изборите во 2002 година верувајќи во нивната приказна со која прилично убедливо ветуваа многу подобар живот, правда и еднаквост. Во тој момент, не ни сонуваа дека за само 10 месеци откако стапив на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе мораат со помош на албанскиот коалиционен партнер во владата да ги фалсификуваат претседателските избори за да не им се случи крах, не ни сонуваа дека за плус уште една година подоцна ќе загубат на локалните избори, и дека уште за една година народот на клоци ќе ги исфрли од власта и ќе го врати енергетизираното ВМРО-ДПМНЕ, и тоа цели 11 години, за да мора потоа однадвор некој да ги враќа на власт, оти сами со својата неспособност уште долго немаше да ја вратат довербата на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст