Алијансата за Албанците не останува во владата, изјави вечерва премиерот Заев на гостување во „Ноќно студио“ на Телма.
-Не останува, затоа што предлозите за министри веќе се испратени во Собранието, рече Заев и нагласи дека останува отворен за соработка со партијата на Села иако Села беше дециден по средбата со Заев дека нема да прифати утешни награди и не размислува за соработка инаква од онаа на која инсистира.
Алијансата на Албанците нема да го добие министерството за здравство бидејќи предлозите за министри се веќе испратени во Собрание. Со тоа тој потврди дека не отстапува од одлуката нов министер за здравство да биде неврохирургот Венко Филипче.
Тој нагласи дека здравството на почеток припаднало на оваа партија заради Арбен Таравари, но него веќе го нема.
-На никого не му следува по паритет здравството туку одиме на квалитет, изборот с е прави за индивидуа, не за партија. Непријатно ми е заради Села бидејќи тој беше рамо до рамо со мене во Собрание и заради тоа толку време траеја овие преговори, но не најдовме заедничко решение. Се надевам понатаму ќе градиме соработка и не само со Алијансата, туку и со будното око на опозизцијата“, изјави премиерот Заев.
Села не се откажува од Министерството за здравство и не прифаќа новоформирани позиции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


