| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресите на ВМРО-ДПМНЕ од основањето до денес

Несомнено е дека ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект е најголемата партија создадена во плурална Македонија. Нејзините конгреси секогаш го буделе интересот на јавноста и медиумите. Тоа не е и зачудувачки бидејќи партијата е првата демократска партија во независна Македонија ги предводела демократските процеси во државата и е партијата во чие време се преземаа најголемите економски проекти, фискални реформи и даночни ослободување. Што се случувало низ годините кога и како се одржувале конгресите на партијата истраживме за вас.

Избор на Љубчо Георгиевски претседател на ВМРО-ДПМНЕ – Од Едноумие до плурализам

ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 јуни 1990 година, кога во салата „25 Мај“ денешен МКЦ е прогласено формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, за прв лидер на партијата е избран Љубчо Георгиевки, тогаш е избран првиот Извршен комитет, кој тогаш бил наречен Извршен одбор, и било отпочнато формирање на општински секции. Ова е период кога уште формално правно, но и фактички постои СФРЈ, период во кој како што велат нашите соговорници било тешко да си ВМРО, тешко да бидеш демократ, да се бориш за владеење на правото и вредностите на цивилизираниот свет.

Прилеп 1991 година – Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој е воспоставена партиската инфраструктура, ИО преминува во ИК, а секциите во општински комитети, за претседател е реизбран Љубчо Георгиевски.

Кичево 1995 година – 10 Конгрес на ВМРО, конгресот во кој е прогласен континуитетот со историското ВМРО и се донесени бројни резолуции и декларации, за претседател е реизбран Љубчо Георгиевски.

Струмица 1999 година – 11 Конгрес на ВМРО, конгрес на кој се врши најголемата промена на Статутот на партијата, се укинува КСИО – Комисија за стратегиски истражувања и организација и се намалуваат ингеренциите на Генералниот секретар, Георгиевски препознава дека доколку сака партијата да функционира таа мора да се централизира и да се прошират надлежностите на претседателот.

Избор на Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ – Златното време на ВМРО, економски и општествен прогрес

Охрид 2003 година – 12 Конгрес на ВМРО, конгрес на кој се вршат минимални корекции на Статутот на партијата кон дополнителна централизација на партијата, по главна иницијатива на Георгиевски се со цел идниот претседател да има поголема моќ и овластување во клучните периоди кои следеа, за претседател е избран Никола Груевски, кој на оваа функција останува најдолго односно 14 години, период од кој 10 години и како премиер на Македонија, период на економски развој и општествен прогрес.

Штип 2007 година – 13 Конгрес на ВМРО на кој се реизбира Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата во овој период веќе е на власт и ја има првата влада на Никола Груевски.

Битола 2011 година – 14 Конгрес на ВМРО, конгрес на кој е реизбран Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Куманово 2015 година – 15 Конгрес на ВМРО, конгрес на кој е реизбран Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Валандово 2017 година – 16 Конгрес, конгрес на ВМРО на кој ќе се избере нов лидер на ВМРО -ДПМНЕ, кој ќе се оддржи на 22 и 23 декември.

Судејќи по историјата конгресите секогаш биле симбол на ВМРО, дали во периодот на почетокот на 20 век, дали за време на возобнувувањето на ВМРО-ДПМНЕ, конгресот бил чест за секој делегат, но и истакнатите членови кои го вложиле својот живот за организацијата кои на нив присуствувале како гости. Согласно чл.18 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот учествуваат најмалку 250 делегати, досега на конгресите учествувале околу 500 – 700 делагати. Од Конгресот произлегуваат и програмски документи со кои се определува насоката во која ќе се движи партијата во наредниот 4 годишен период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top