СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот Ф.Н., 36-годишниот Ѓ.К. и 43-годишниот Ѓ.Т., сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дело „насилство“.
Имено, на 23.09.2017 година околу 00:45 часот, додека оштетениот се наоѓал во кафе бар на улица „Македонија“, го прашал првопријавениот (келнер) за претходно случен настан во објектот, по што тој започнал да го навредува со погрдни зборови.
По кратко време, откако оштетениот го напуштил локалот, на улица „Македонија“, бил пречекан од пријавените кои го фатиле за раце и истите почнале да го влечат и физички го нападнале.
Како што информира полицијата, оштетениот изгубил свест, паднал на земја, а пријавените продолжеле да го удират со клоци во пределот на телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст