Пратеникот Амди Бајрам ќе ја дочека Новата година во домашен амбиент, со семејството. Вели дека веќе неколку години наназад празникот го минува дома, и единствено може да се случи да излезе на плоштад. Патувањата надвор од земјава, во познати ски центри и луксузни хотели ги оставил зад себе, бидејќи како што вели, му натежнале годините.
,,Кога бев помлад одев насекаде. Ма нема каде не сум бил за Нова година! Тоа беа убави времиња, ама сега годините си го направија своето. Но, не се жалам. Ние политичарите сме постојано отсутни, и ова е добар повод да поминеме време со семејството’’- раскажува Бајрам за Фокус.
Додава дека ќе слави со децата, снаите, внуците, а женскиот дел од семејството бил задолжен за богатата трпеза.
,,Бидејќи не јадеме свинско месо, на Новогодишната трпеза задолжително имаме печено јагне. Оваа година снаите ќе приготват и младо телешко, секако и риба. Без сармички не седнувам на маса, редовни ни се на менито. Салатите мора да бидат застапени, треба да се внимава и на здравјето, а најважно од се е тоа што ќе се собереме како фамилија. Снаите се ангажирани за подготовката и тоа го прават со мерак’’ – вели Амди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст