| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден полов напад врз 12- годишно девојче во Скопје

Мајка пријавила дека врз нејзината 12- годишна ќерќа е извршен полов напад.

Вчера во 19.00 часот, жена од Скопје пријавила дека во текот на денот, како и во периодот од 10.12 до 21.12.2017 година, непознат маж во неговиот стан извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка.

Во извештајот на МВР се вели дека, додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top