Едно момче од Русија побеснало откако неговата девојка ја одбило брачната понуда. Тој ја избол до смрт во среде супермаркет во Русија.
Тој потоа го свртел ножот кон себе и се обидел да се убие, но во тоа не успеал. Облиен со крв, побарал помош од другите луѓе од продавницата да го „доутепаат“, пренесува „Дејли мејл онлајн“.
Настанот се случил во рускиот град богат со нафта, Уфи, а според вознемирувачките фотогафии од местото на настанот, 23-годишната убиена девојка лежела на подот, под фрижидерот во продавницата. Сведоците на настанот тврдат дека момчето ја изболо 17 пати.
Според изјавите на сведоците и соседите на убиената девојка, момчето пред убиството ја чекало девојката пред нејзината куќа и подоцна ја следело до проданицата, а таа се обидувала да му побегне.
Според извештаите на локалните медиуми, родителите на убиената девојка биле против бракот, бидејќи момчето имало криминално досие. Момчето, според локалните медиуми, во продавницата каде што се случил масакрот, и пришол на девојката со букет цвеќе и ја побарал за жена. Но, таа одбила да се омажи за него и му рекла дека сака да ја раскинат врската. Потоа втрчала во проданицата барајќи помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.