| четврток, 6 декември 2018 |

Климатските промени може да влијаат на приливот на мигранти

 

 

Европа би можела да очекува нов прилив на бегалци поради последиците од глобалното затоплување, предупредуваат научници.

Експертите сметаат дека зголемувањето на температурите и екстремните временски услови можат да го зголемат бројот на бегалци од сиромашните земји кои ќе бараат засолниште во богатите држави, за што досега се објавени многу малку студии.

Во извештајот објавен во магазинот „Сајенс“ научниците оценуваат дека постои „статистички важна врска“ меѓу флуктуациите во барањата за азил и климатските промени.

Тие дошле до заклучок дека бројот на барања за азил се зголемува, кога температурите ќе почнат да се качуваат над 20 степени Целзиусови.

– Ова е прво истражување што ја поврзува температурата со миграција во глобални размери и наоѓа врска, посочи експертот Џејкоб Шеве од германскиот Институт за истражување на климатските последици.

Научниците оценуваат дека бројот на барањата на азил во земјите од Европската унија би можел да порасне за 25 отсто до 2100 година, дури и ако се намали глобалното затоплување.

Авторите на студијата напоменуваат дека нивното истражување не ги зема предвид другите фактори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top