| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук не е добар за нашето здравје

Фејсбукот поопасен од цигарите и алкохолот заедно 
Сите сме горе-долу свесни дека киснењето на  Фејсбук претставува попусто потрошено време и е само уште една современа причина  која не тера седечки да го поминеме денот. Но, тоа не се единствените недостатоци на оваа лудост. Имено, германски научници тврдат дека Фејсбукот не е добар ниту за нашето психичко здравје.

Една заедничка студија на два германски универзитети покажува дека најголемата социјална мрежа која има околу милијарда корисници предизвикува завист, осаменост и очај.

 Секој трети фејсбуковец е незадоволен
Истражувањето дошло до сознание дека секој трети корисник откако ќе го посети својот профил, има понегативен став кон својот живот и станува понезадоволен.

– Се изненадивме кога дознавме колку луѓе имаат негативно искуство со Фејсбук.  Се чувствуваат осамено, фрустрирано, луто, изјавила Хана Краснова од берлинскиот универзитет „Хумболт“.

Најголемо незадоволство предизвикуваат фотографиите од одмор. Тие раѓаат завист кај оние кои ги гледаат туѓите фотографии од патувања, од вајани тела во бикини и слично. Освен тоа, и лајковите се особено голема причина да се јави завист. Зошто неговите постови се полајкувани од моите?

 Жените и мажите над 30 години се позагрозени
Најпогодени од Фејсбук болеста се луѓето постари од 30 години. За да се чувствуваат подобро мажите почесто ги истакнуваат деловните успеси, а жените на работат на својот морал така што гордо истакнуваат дека годините ништо не им можат, а и дека не можат глава да кренат од исполнетиот социјален живот.

Во истражувањето учествувале повеќе од 600 испитаници од Германија, а истражувачите тврдат дека резултатите можат да се применат глобално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top