| четврток, 6 декември 2018 |

Фолксфаген поло налета на осумгодишниот Никола: Детето загина на самото место

Никола Б. (8) претрчувал преку улица, кога на него налетал автомобил управуван од Н.Ч (26) и му нанел тешки повреди од кои детето набрзо починало. Детето кое се здобило со тешки повреди починало на место, а возачот е приведен во полиција. Несреќата се случила во главната улица во Бечмен во 11.40 часот.

Несреќното дете, кое е ученик во трето одделение, се враќало од училиште и излеголо од автобусот на линијата 604, па се обидело да помине улица на местото каде некогаш имало пешачки премин, но е тргнат поради работа на патот.

-Никола веројано сакал да оди во продавница, што почнал да ја претрчува учицата, зошто неговата куќа се наоѓа на истата страна како и автобуската постојка. Тој не го видел автомобилот, а очигледно ниту Н.Ч. не го видел него, па го удрил, вели извор.

Од силината на ударот, детето летало неколку метри и паднало на грб.

-Н.Ч. веднаш закочил, излетал од возилото и почнал да вика и да довикува помош. Му пришол на детето и се обидувал да му помогне, буквално бил надвор од себе. Очевидци раскажуваат дека детето некое време давало знаци на живот, но починало пред доаѓањето на итната помош, вели соговорник.

Лекарите кои дојдоа на местото на несреќата половина час се обидуваа да го реанимираат детето, но за жал без успех.

-Возачот цело време стоеше тука и лелекаше. Тој е алкотестиран и утврдено е дека немал алкогол во крвта. Инаку, тој се движел од правен на Петровчиќ кон Бечмен, вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top