Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна вонредна седница посветена на американското признавање на Ерусалим како престолнина на Израел, на барање на некои арапски земји и држави со мнозинско муслиманско население.
Нацрт-резолуцијата за повлекување на одлуката на Трамп на седницата во понеделникот доби вето од САД во Советот за безбедност, но сега таа е повторно поднесена во Генералното собрание. Во очекување да биде изгласана со големо мнозинство, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху веднаш најави дека Тел Авив нема да ја признае ниту да ја прифати.
-Ерусалим е главен град на Израел независно дали ООН го признаваат тоа или не. 70 години им беа потребни на САД официјално да го признаат а ќе бидат потребни и повеќе години ООН да го признаат исто така. Се менува односот кон Израел на многу држави низ сите континенти надвор од ѕидовите на ООН и на крај ќе блесне и внатре меѓу ѕидовите на ООН, куќата на лагите, рече Нетанјаху.
Амбасадорката на САД при ОН, Ники Хејли во отворено писмо до сите членки на светската организација напиша дека од Трамп добила наредба да следи кои држави „ќе гласаат против САД“, предупредувајќи дека „ќе ги запише нивните имиња“. Повеќе земји ја осудија оваа постапка на Хејли обвинувајќи го Вашингтон дека преку заплашување се обидува да влијае врз гласањето.
-Тие земаат стотици милиони долари, милијарди дури и потоа гласаат против нас. Ги следиме тие гласања, нека гласаат против нас. Ќе заштедиме многу, не ни е гајле. Но ова повеќе нема да биде како порано кога можеа да гласаат против вас и потоа да им платите стотици милиони долари и никој да не знае што прават, изјави Трамп.
Палестинците ја поднесоа резолуцијата на гласање во Генералното Собрание, која е подржана од 14 земји членки во Советот за Безбедност. Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки но сепак го отсликуваат мислењето на останатите земји за светските прашања.
извор: telma.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.