Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијдан Села, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, во Владата, изјави дека Алијансата нема да се откаже од Министерството за здравство и дека не прифаќа новоформирани позиции. Тој рече дека Алијансата останува дел од Владата додека трае процесот на реформи.
-Опстојуваме на нашите ставови и нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата. Дадов предлог да се стокми друга позиција заменик премиер за носење бурек, која ќе му ја отстапам на ДУИ. После таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ да именува свој човек – рече Села.
Тој додаде дека одбива да прави договор на договорот, посочувајќи дека при формирање на Владата е предвидено Алијансата да го земе Министерството за здравство.
-Само ако мининистер за здравство биде од Алијаснсата, премиерот Заев ќе покаже дека е сериозен и дека не подлегнува на притисоци. Правдата е целосна ако се однесува на сите, без разлика дали се работи за сегашни или бивши функционери, сите кои работеле противзаконски одлуки треба да одговараат -подвлече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство
-
Двајца обвинети за насилство кон Села признаа вина
-
Прекинато судењето за Села: Се онесвести еден од обвинетите