| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со автомобили од Аеродром до Судот

ВМРО-ДПМНЕ во знак на поддршка на притворените патриоти за настаните од 27 април, денеска со почеток од 18.30 часот пред Спортската сала „Јане Сандански“ ќе организира протестен конвој од автомобили.

Собирно место e спортската сала „Јане Сандански“, по што конвојот ќе се движи кон – Железничка станица – зграда на Црвен крст – Рекорд – булеварот „Св. Климент Охридски“ – булеварот „Патизански одреди“ – „Рузвелтова“ – булеварот „Илинден“ – зградата на Влада, и на крај Основен суд Скопје 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top