На 27 декември, со почеток во 12 часот, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија во Скопје, ќе се одржи научен собир на тема Театарот во Република Македонија во Дваеесет и првиот век – искуства и резултати, информираат од Универзитетот.
На оваа научна и стручна трибина пред студентите ќе бидат презентирани поголем број на проекции на претстави во Европа и во светот од македонски автори и режисери кои се дел на интернационалниот репертоар. Уводно излагање ќе има ректорот Јордан Плевнеш, а со свои реферати ќе настапат: Проф.д-р Христо Петрески, Доц.м-р Гоце Ристовски, Доц.м-р Горан Тренчовски и доц.м-р Трајче Кацаров.
– Посебен акцент ќе биде ставен на современите и актуелните појави и тенденции во кои се профилирааат имињата од најновата генерација македонски театарски творци.
Соопштенијата и искажувањата од оваа дебата потоа ќе бидат публикувани во тематски број во списанието за култура и уметност „Сум“ – велат од Универзитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст