Веста за смртта на тригодишниот Дејан, син на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ ја потресе Србија.
Во семејниот дом на Тодоровиќ на Врачар владее преголема тага, а сопругата на Срѓан, Ана и мајка на малиот Дејан едвај смогнала сила да прозбори за смртта на својот единец.
-Вчера беше сосема обичен ден, бевме на контрола, бидејќи Дејан беше болен, пиеше антибиотик. Околу пет часот легна да спие. Заспа и два и пол часа подоцна се обидов да го разбудам. Беше потонат во постелнината, а усните му беа модри. Се исплашив и вриснав. Се обидов да го разбудам, но неуспешно. Деки не беше алергичен на антибиотици. Мене неговата смрт ми е мистериозна. Никогаш порано не бил болен – додада неутешната мајка и открила дека таа и Жика се обиделе да го реанимираат синчето додека дошла Брзата помош, но безуспешно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тагата не се опишува со зборови: Синот на Жика ќе биде кремиран во присуство на најблиските
-
Медицинската сестра плачела над телото на малиот Дејан, лекарот морал да интервенира – потресни детали од домот на Жика Тодоровиќ
-
Каратистот Дејан Недев светски шампион во кати
-
Од Дејан остана само пепел: На истиот ден пред 10 години му се случило чудо