| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ го доби третиот шампионски прстен од Евролигата

На македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој оваа сезона игра за „Црвена звезда“, пред натпреварот на „Ѕвезда“ и „Фенербахче“ му беше предаден шампионскиот прстен што го освои минатата сезона. Ова е трет шампионски прстен на Антиќ во кариерата, со што тој стана најуспешен македонски кошаркар.

Минатата сезона Антиќ со „Фенербахче“ станаа шампиони на Евролигата, а неговите поранешни соиграчи дури пред некој ден му го предадоа шампионскиот прстен, кога Перо играше натпревар во Истанбул. Неговите поранешни соиграчи и навивачите на клубот го испратија со аплаузи и овации.

Антиќ е единствениот Македонецот што има три шампионски пехари. Две титули има Петар Наумоски, кој ги освои шампионските трофеи со „Југопластика“ 1990 и 1991 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top